Осумгодишно девојче и татко ѝ тешко ранети во престрелка во Лондон

Осумгодишно девојче и татко ѝ тешко ранети во престрелка во Лондон

пред 2 години

22-годишен маж е уапсен откога во пукање пред два дена во западен Лондон тешко биле повредени осумгодишно девојче и маж. Според првичните информации, младиот човек пукал во автомобилот во кој се наоѓало семејството.

Тешко повреденото девојче е оперирано и моментно е во тешка, но стабилна состојба. Во тешка, но стабилна состојба, е и 34-годишен маж. 32-годишна жена е пренесена во болница, но не е повредена, а двегодишно дете е неповредено, пренесува „Скај њуз“.

Полицијата уапси 22-годишен маж под сомнение за обид за убиство и ги повика граѓаните да помогнат во истрагата со давање дополнителни информации, пишува „Индипендент“.

Сведокот на настанот рече дека жртвите седеле во автомобилот кога мажот наводно пукал директно во возилото.

Текстот Осумгодишно девојче и татко ѝ тешко ранети во престрелка во Лондон е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top