Пациент во Полска уби лекар среде болница, бил незадоволен од третманот

Пациент во Полска уби лекар среде болница, бил незадоволен од третманот

пред 12 часа

Пациент во болница во Полска, незадоволен од начинот на кој бил лекуван таму, избодел лекар кој подоцна им подлегнал на повредите, соопшти денес Министерството за здравство. Полицијата извести дека осомничениот утрината упаднал на Одделот за ортопедија на Универзитетската болница во Краков и влегол во ординацијата каде што биле докторот и неговиот пациент.

Мажот неколку пати со остар предмет го избодел лекарот, ортопедски хирург, во стомакот. Иако повеќе од 20 колеги и медицински сестри веднаш се обиделе да му пружат помош на докторот, тој им подлегнал на тешките повреди.

Обезбедувањето на болницата го совладало напаѓачот, а потоа тој е приведен.

Директорот на болницата, Марцин Једриховски, за новинската агенција ПАП изјави дека пациентот нападнал лекар во болницата каде што претходно бил лекуван бидејќи не бил задоволен од третманот, а претходно поднел жалба против болницата до омбудсманот за права на пациентите.

Сепак, инспекцијата не открила никакви грешки во методот на лекување. Полската министерка за здравство Изабела Лешчина изјави дека е згрозена од нападот.

Текстот Пациент во Полска уби лекар среде болница, бил незадоволен од третманот е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top