Педијатрите во Србија препорачуваат да се одложи поаѓањето во училиште за две недели

пред 3 години

Здружението на педијатри на Србија издаде соопштение во кое препорачува да се одложи поаѓањето на училиште на класичен начин или наставата да се организира онлајн.

„ Со оглед на моменталната епидемиолошка состојба во нашата земја и карактеристиките на сојот омикрон, кој се шири многу побрзо и во поголема мера од претходните соеви ги зафаќа и децата, Здружението на педијатри на Србија препорачува да се одложи наставата на класичен начин или да се организира онлајн настава“, се наведува во соопштението.

Од здружението на педијатри потсетуваат дека опфатот со вакцинација на оние групи во кои е одобрена и препорачана вакцината (деца постари од 12 години) е само симболична, а вакцината за деца до 12 години се уште не е регистрирана во Србија, па се смета дека учениците моментално се најранливата група.

„ Децата помлади од 12 години не се вакцинирани, а сојот омикрон кај оваа популација се шири исто толку брзо како и кај возрасните. Во овие околности – одлуката да им се наметне и обврската да одат во колектив и да посетуваат настава во класичен начин претставува голема опасност од заразување со ковид, грип или обем на инфекции на оваа чувствителна популација. Според Здружението на педијатри на Србија, ваквата одлука е медицински проблематична“, велат педијатрите на Србија.

Сметаат дека враќањето на училиште, на класичен начин, треба да се одложи за следните две недели додека не се добие подобар увид во текот на двете актуелни епидемии.

Share
Scroll to Top