Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска беше реизбран за премиер на земјата откога ја доби поддршката од мнозинството парламентарци.
Новиот мандат на Санчез на чело на шпанската влада го поддржале 179 пратеници, а против биле 171, пренесува шпански „Паис“. Немаше воздржани.
Денешното гласање следува по речиси дводневна дебата меѓу партиските лидери во парламентот, која се фокусира на контроверзниот договор за амнестија на приврзаниците на каталонската независност, на кој Санчез се согласи во замена за поддршката да биде избран за премиер.
Текстот Педро Санчез повторно избран за премиер на Шпанија е превземен од МАКФАКС.






