Русија се надева дека за време на воената акција во Украина ќе биде исполнета една од нејзините главни задачи за спас на самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск (ДНР и ЛНР) и враќање на нивната државност, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Русија го призна суверенитетот на Народните републики Доњецк и Луганск. Ја признавме нивната независност, ги признавме како независни држави. Операцијата е започната на барање на овие две републики. „Една од главните цели на операцијата е да се спасат овие републики и да се врати нивната државност во границите од 2014 година, во границите содржани во уставите и на Доњецката и на Луганската народна република“, рече Песков во интервју за Белорусија-24.
Портпаролот на Кремљ, исто така, рече дека се надева оти сите „задачи од специјалната воена операција ќе бидат исполнети“.