Песков: Русија нема да ја заборави помошта на севернокорејските војници во работите за деминирање во Курскиот Регион

Песков: Русија нема да ја заборави помошта на севернокорејските војници во работите за деминирање во Курскиот Регион

пред 1 месец

Русија никогаш нема да ја заборави помошта на севернокорејската армија во опасните и тешки работи за деминирање во Курскиот Регион, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој додаде на прес-конференцијата дека оваа работа продолжува и дека е опасна и тешка, пренесува ТАСС.

„Нашите корејски пријатели ни помагаат многу и ние тоа многу го цениме“, рече Песков одговарајќи на прашањето како Кремљ гледа на севернокорејската воена помош во деминирањето на Курскиот Регион, според агенцијата.

Фото: принтскрин

Текстот Песков: Русија нема да ја заборави помошта на севернокорејските војници во работите за деминирање во Курскиот Регион е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top