Кремљ реагираше на тврдењата на американското разузнавање дека рускиот претседател Владимир Путин од страна на неговите советници е доведен до заблуда за Украина и санкциите.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за новинарите во Москва изјави дека ниту американскиот Стејт департмент, ниту Пентагон немаат реални информации за тоа што се случува.
„Тие едноставно не разбираат што се случува во Кремљ“, рече тој.
„Тие не го разбираат претседателот Путин, не разбираат како се носат одлуките и не го разбираат стилот на нашата работа“, изјави портпаролот.
Песков додаде дека тоа е загрижувачко бидејќи, како што кажа, ваквото целосно недоразбирање води до погрешни одлуки кои имаат лоши последици.
Претходно, американски функционер за NBC изјави дека поради неуспехот на руската армија во Украина растат тензиите меѓу рускиот претседател Владимир Путин и воените команданти, односно Министерството за одбрана.
Рускиот претседател, според американскиот функционер, смета дека војската го измамила во извештаите за инвазијата на Украина.