Песков: Се разгледува можност за средба  меѓу Путин и Ким во Пекинг

Песков: Се разгледува можност за средба меѓу Путин и Ким во Пекинг

пред 6 часа

Руските и севернокорејските делегации ќе ја разгледаат можноста за средба меѓу шефовите на двете држави дури откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ќе пристигне во Пекинг денес во текот на денот, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Факт е дека Ким Џонг-ун ќе пристигне во Пекинг дури вечерва. А по неговото пристигнување, веќе ќе има можност директно да се разговара за средба на лидерот со делегацијата, земајќи ги предвид распоредите“, рече тој.

Претходно, помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, изјави дека се разгледува можноста за средба меѓу Путин и Ким Џонг-ун, пренесува ТАС. Утре, Путин и Ким ќе присуствуваат на парадата по повод Денот на победата во Втората светска војна во Пекинг.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун патува во Пекинг со специјален оклопен воз за да присуствува на парадата по повод предавањето на Јапонија во Втората светска војна, пренесува Танјуг.

Според проценките, патувањето на Ким од Северна Кореја до Пекинг ќе трае од 20 до 24 часа.

Претстојната парада ќе биде првпат Ким да присуствува на мултилатерален дипломатски настан. Дедото на Ким и основачот на Северна Кореја, Ким Ил Сунг, присуствувал на воена парада во Пекинг во 1959 година.

Фото: принтскрин

Текстот Песков: Се разгледува можност за средба меѓу Путин и Ким во Пекинг е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top