Песков: Ќе побараме нови пазари и така ќе ги заобиколиме санкциите на злато

пред 4 години

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков вели дека потезите на земјите членки на Гт за забрана на руското злато се незаконски и потенцираше дека ќе побараат нови пазари за да ги заобиколат санкциите.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Пазарот со драги метали е глобален. Поприлично е голем, опширен и разнолик“ вели Песков, го цитира „Интерфакс“.

Тој вели дека „ако пазарот ја загуби својата привлечност како резултат на недопустливите одлуки, ќе дојде до преусмерување тамо каде што побарувачката е поголема“.

Велика Британија, САД, Канада и Јапонија одлучија на состанокот на Г7 во Германија да го забранат увозот на руско злато во новиот пакет мерки кон Москва поради нејзините санкции кон Украина.

Извозот на злато е втор најголем извор на приходи за Русија. Годишно произведуваат меѓу 350 и 380 тони од овој драгоцен метал.

Share
Scroll to Top