Поддржувачите на Трамп лумпуваат во зградата на Конгресот

пред 4 години

Приврзаниците на претседателот Доналд Трамп денеска го пробија полицискиот кордон и влегоа во зградата на Конгресот.

Трамп претходно им се обрати на своите поддржувачи во близина на Белата куќа и ги повтори обвинувањата за изборна измама, повикувајќи ја толпата да маршира кон Капитол.

Потоа насобраната толпа проби неколку редови на полициски барикади и упадна во зградата на Конгресот за време на сесијата на која требаше да се потврди победата на Џо Бајден.

Потпретседателот Мајк Пенс, кој ја водеше сесијата, полицијата го однела на безбедно место. Извршена е евакуација и на останатите пратеници на кои претходно им било кажано да земат гас-маски, бидејќи полицијата употребила солзавец откако во зградата биле забележани вооружани цивили.

Една жена е застрелана и како што пренесуваат американските медиуми, се наоѓа во критична состојба.

Во меѓувреме, Трамп го осуди Пенс на „Твитер“ наведувајќи дека немал храброст да ги заштити земјата и уставот бидејќи еднострано на ја блокирал верификацијата на избирачките гласови.

„Ројтерс“ објави дека вработените во Сенатот безбедно ги чувале резултатите од Изборниот колеџ.

Share
Scroll to Top