Пожар на факултет во Варшава

Пожар на факултет во Варшава

пред 1 месец

Денес избувна пожар во зградата на Геолошкиот факултет на Универзитетот во Варшава, откако се запали електрична разводна табла.

Околу 200 луѓе беа евакуирани откако еден од техничките работници пријави чад, беше објавено од Општинскиот штаб на Државната противпожарна служба, пренесува Радио Варшава.

Се забележува дека на местото на настанот се испратени 24 пожарникари.

Во инцидентот нема повредени.

Текстот Пожар на факултет во Варшава е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top