„Политико“: Хакиран американскиот судски систем, компромитирани доверливи податоци

„Политико“: Хакиран американскиот судски систем, компромитирани доверливи податоци

пред 2 месеци

Електронскиот систем за поднесување судски предмети на федералното судство на САД беше цел на голем кибер-напад за кој се сомнева дека довел до компромитирање доверливи податоци во неколку федерални држави, пренесува „Политико“ од извори запознаени со инцидентот.

Нападот, кој досега не беше објавен, би можел да го загрози идентитетот на доверливи сведоци и соработници во кривични постапки пред неколку федерални судови, според истите извори, кои зборуваа под услов на анонимност, пишува медиумот.

Според нив, Канцеларијата за управување со судовите на САД (AOUSC) првин го утврди обемот на безбедносниот инцидент на почетокот на јули, но сè уште се обидува да го утврди целосниот обем на штетата во соработка со Министерството за правда и локалните судови.

Фото: принтскрин

Текстот „Политико“: Хакиран американскиот судски систем, компромитирани доверливи податоци е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top