Полските и сојузничките авиони беа подигнати рано утринава по трет пат во осум дена за да се гарантира безбедноста на полскиот воздушен простор по руските воздушни напади во Украина, соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили.
„Ова е уште една многу напорна ноќ за целиот систем за противвоздушна одбрана во Полска поради набљудуваната активност на авијацијата со долг дострел на Руската Федерација која изведува напади“, соопшти полската команда на социјалната мрежа „Икс“.
Текстот Полска ги подигна авионите е превземен од МАКФАКС.