Поради дојава за бомба, авион на „Виз ер“ пренасочен кон Будимпешта

Поради дојава за бомба, авион на „Виз ер“ пренасочен кон Будимпешта

пред 2 часа

Авион на авиокомпанијата „Виз ер“, кој летал од Лондон кон Софија, денеска бил пренасочен кон аеродромот во Будимпешта поради дојава за бомба, објави унгарскиот министер за одбрана Ромулус Русин-Сенди на Фејсбук.

Авионот сообраќал на релацијата Лондон – Софија кога пристигнала дојавата за бомба, поради што бил принуден да ја промени првично планираната рута.

За придружба на патничкиот авион бил испратен унгарски борбен авион од типот „Грипен“. Авионот на „Виз ер“ безбедно слетал на аеродромот во Будимпешта.

Надлежните служби во моментот вршат безбедносна проверка на авионот и патниците, потврдија од „Виз ер“ за унгарскиот портал 24.hu.

По инцидентот, борбениот авион „Грипен“ се вратил во својата база во Кечкемет.

Русин-Сенди додал дека полицијата по слетувањето спроведува дополнителни безбедносни мерки.

Текстот Поради дојава за бомба, авион на „Виз ер“ пренасочен кон Будимпешта е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top