Поради жестоки реакции, Австрија ги отстрани израелските знамиња од државните институции

пред 4 години

Израелските знамиња, поставени на зградите на институциите во Австрија во знак на солидарност со Израел, беа отстранети поради жестоките реакции во јавноста.

Израелските знамиња, кои беа поставени на зградите на Владата и Министерството за надворешни работи претходните денови, беа спуштени без никакво образложение.

Тврдејќи дека ваквата постапка е спротивна на принципот на неутралност, бројни невладини организации, здруженија, академици и политичари реагираа силно на отворената поддршка на премиерот Себастијан Курц на една од завојуваните страни во регионот на Блискиот исток со подигање на израелското знаме на Зграда на владата.

На 14 мај, Курц објави на Твитер дека израелското знаме е поставено на зградата на Владата во знак на солидарност со Израел.

Отворената поддршка на Курц за Израел, кој ги интензивираше нападите врз Палестинците во Појасот Газа во последните денови, предизвика реакции кај голем број земји, особено од Турција, пишуваат австриските гласила.

И покрај реакциите од целиот свет, Израел продолжи со жестоките напади врз Газа, каде живеат околу два милиони луѓе, анализираат медиумите.

Share
Scroll to Top