Поради хантавирусот, 12 вработени во холандска болница се ставени во карантин

Поради хантавирусот, 12 вработени во холандска болница се ставени во карантин

пред 17 часа

Поради можна инфекција со хантавирус, 12 вработени во болницата Радбауд во холандскиот град Најмеген се ставени во карантин поради несоодветни безбедносни мерки, објавија холандските медиуми.

Дванаесет вработени во болницата Радбауд беа вклучени во случајот на еден пациент – патник на крузерот „Хондиус“ кој беше позитивен на хантавирус, објавува „NL Times“.

Болничките работници не го следеа строгиот протокол при ракување со крв и урина на заразен пациент.

И покрај нискиот ризик од инфекција, работниците ќе останат во карантин шест недели како мерка на претпазливост, објави болницата.

Радбауд не наведува дали лицата во ризик се медицински сестри, болничари, лекари, студенти по медицина или зафаќаат некои други работни места.

Три лица починаа од хантавирус по неодамнешната епидемија кај 147 патници и членови на екипажот на патнички брод што пловел под холандско знаме, објавува Танјуг.

Две жртви беа идентификувани како брачна двојка од холандскиот регион Фрисланд, додека третата беше пријавена како Германка.

Досега, најмалку седум лица се позитивни на хантавирус, а неколку други се осомничени дека се носители на инфекцијата.

Текстот Поради хантавирусот, 12 вработени во холандска болница се ставени во карантин е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top