Порака до Трамп?; Северна Кореја лансираше балистичка ракета

Порака до Трамп?; Северна Кореја лансираше балистичка ракета

пред 11 месеци

Северна Кореја денес лансираше балистичка ракета која падна во близина на ексклузивната економска зона на Јапонија, изјави јапонската премиерка Санае Такаичи.

Како што е наведено, досега не се пријавени штети на авиони или бродови, пренесува Кјодо.

Во Токио, Такаичи изјави дека им наредила на надлежните владини агенции брзо да ги достават потребните информации до јавноста и да обезбедат безбедност низ целата земја.

Агенцијата потсетува дека лансирањето се случи само еден ден откако Пјонгјанг ги осуди најновите санкции на САД против осум севернокорејски поединци и два субјекта за перење пари поврзани со сајбер криминал.

Фото: принтскрин

Текстот Порака до Трамп?; Северна Кореја лансираше балистичка ракета е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top