Поранешен агент на КГБ за Путин: Тој мисли дека е најпаметен, тоа може да му донесе пропаст

пред 3 години

Поранешниот агент на КГБ, Џек Барски, зборуваше за Си-ен-ен за потенцијалниот начин на размислување на рускиот претседател Владимир Путин додека руската инвазија на Украина се шири низ целата земја.

„Се поставуваат многу прашања за неговата психичка состојба. Долго време беше изолиран поради ковид, слушнавме за неговото однесување за време на пандемијата. Но, гледаме и бизарни фотографии, огромни маси, Путин седи неколку метри подалеку од сите други во просторијата. Што мислите за неговата моментална состојба на умот?“, го прашал новинарот поранешниот агент на КГБ.

„Диктатор каков што е Владимир Путин или кој било на чело на една држава мора да има целосна верба во себе. Имаше побизарни фотографии од Путин за време на неговата политичка кариера – само сетете се кога тој позираше полугол на коњ или кога играше хокеј против руската репрезентација. Сето ова ни кажува дека тој го нема тој мал глас во главата што понекогаш корегира. Тој едноставно верува во себе без никакво сомневање. А ако во секој момент мислиш дека си најпаметната личност во собата, си подготвуваш терен за пропаст. Мислам дека тој стигна до таа точка“, вели Барски, а пренсува Н1.

„Лесно е можно да ги игнорирал информациите од теренот и сега да ги обвинува своите агенти дека му дале лоши информации. Не верувам, не можам да верувам дека не знаеле како ќе реагираат Украинците на инвазијата. Тој веројатно ја игнорирал таа информација затоа што бил убеден дека знае подобро“, изјави поранешниот агент на КГБ, Џек Барски за Си-ен-ен.

Share
Scroll to Top