Поранешен шеф на руска банка побегна да се бори за Украина

пред 3 години

Игор Волобујев, поранешен директор на руската Гаспромбанк, рече дека побегнал од Русија во Украина со надеж дека таа ќе се вооружи против инвазијата на Москва.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Во интервју за Ројтерс, Волобујев рече дека верува оти рускиот претседател Владимир Путин ја води Русија во катастрофа. Тој рече дека има украински корени.

Овој потег е посебен затоа што Волобујев имаше висока улога во компанијата која е во срцето на рускиот естаблишмент и со која претседава Алексеј Милер, близок соработник на Владимир Путин.

Инаку, Волобујев е роден во Октирка во североисточниот украински регион Суми.

– Дојдов овде да ја бранам својата татковина бидејќи војната започна на места како мојот роден град Октирка, тој беше еден од првите градови погодени од бомбардирањето – рече Волобујев.

Share
Scroll to Top