Поранешна турска министерка во притвор поради финансиски скандал вреден милиони евра

Поранешна турска министерка во притвор поради финансиски скандал вреден милиони евра

пред 2 часа

Судoт во Истанбул ѝ одреди притвор на поранешната турска министерка за семејство и социјална политика, Фатма Бетул Сајан Каја, во рамки на истрага за финансиски неправилности поврзани со кризата во инвестициските фондови во Турција, пренесува „Ројтерс“.

Според турската агенција „Анадолу“, Каја, која беше министерка од 2016 до 2018 година, е осомничена за прекршување на законот за пазарот на капитал и членство во организација основана за извршување кривични дела.

Обвинителството се сомнева дека располагала со привилегирани информации што можеле да влијаат врз цените на финансиските инструменти на берзата.

Претставник на опозициската партија Јени во септември ги обвини Каја и нејзиниот сопруг дека заработиле околу 2,17 милијарди турски лири (38,64 милиони евра) од продажба на инвестиции со првична вредност од 163 милиони лири (2,9 милиони евра).

Истрагата е поврзана со сомнежи за манипулации со цените на акциите, кои придонеле за ликвидносна криза и остар пад на берзата на 16 септември.

Нејзиниот сопруг, Илјас Каја, е пуштен на слобода со забрана за напуштање на земјата.

Текстот Поранешна турска министерка во притвор поради финансиски скандал вреден милиони евра е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top