Почина 85-годишен жител на Белград, којшто утринава бил повлечен од трамвај којшто го носел неколку метри. Како што пренесуваат белградските медиуми, тој починал како резултат на повредите со коишто се здобил, и покрај обидите за реанимација.
Несреќа што се случила на булеварот Крал Александар во Белград, кога трамвај го повлекол патникот, додека излегувал. Торбата на патникот се фатила на вратата при излегувањето од травајот, тој не ја испуштил, па трамвајот го повлекол и го влечел околу десетина метри.85-годишниот патник бил повреден и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар.