Почина лидерот на данската опозициска партија: Доживеал мозочен удар на партиски состанок

Почина лидерот на данската опозициска партија: Доживеал мозочен удар на партиски состанок

пред 2 години

Лидерот на данската опозициска Конзервативна народна партија, Сорен Папе Поулсен, почина денеска како последица на мозочно крварење, соопшти неговата партија.

Поулсен (52), поранешен министер за правда, колабирал за време на партиски состанок и итно бил пренесен во болница, додаде неговата партија, објави Ројтерс.

Во партиското соопштение се вели дека последното нешто што го доживеал бил голем аплауз од неговите сопартијци.

Текстот Почина лидерот на данската опозициска партија: Доживеал мозочен удар на партиски состанок е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top