Портпаролката на владата на поранешната канцеларка Ангела Меркел, Мартина Фиц, почина по тешко боледување, соопшти германската влада.
Фиц на 29 октомври последен пат седна до Меркел, на последната прес-конференција на поранешната канцеларка.
Портпаролот на германската влада Стивен Хебестрајт изјави дека Фиц починалa по кратко, тешко боледување.
Според „Т-Онлајн“, Фиц ималa рак. Пред да се приклучи на информативната служба на германската влада, Фиц работелa за неколку германски медиуми, вклучувајќи ја и групата Аксел Спрингер.
Таа се приклучи на тимот на владини портпароли во април 2018 година како заменик на главниот портпарол на Меркел, Стефан Сајберт.