Прв телефонски разговор меѓу Путин и Бајден

пред 3 години

Претседателот на САД, Џо Бајден и неговиот руски колега Владимир Путин, првпат по изборот на Бајден одржаа телефонски разговор. Од Белата куќа соопштија дека разговорот бил по иницијатива на руската страна.

„Владимир Путин му честиташе на Џозеф Бајден за почетокот на работата во својство на претседател на САД. Истакна дека нормализацијата на односите меѓу Русија и САД би била од интерес на двете земји и со оглед на нивната одговорност за оддржување на безбедноста и стабилноста во светот, тоа би било од интерес и на меѓународната заедница“, се вели во денешното соопштение од Кремљ.

Главни теми на разговорот биле повлекувањето на САД од Договорот за отворено небо, проблемите со Заедничкиот продлабочен план за акција (нулеарниот договор со Иран), регулирање на конфликтот во Украина, борбата со Ковид-19.

Двајцата лидери, исто така, разговарале и за Договорот за ограничување на стратешкото нуклеарно вооружување.

Во најскоро време, двете страни ќе ги завршат неопходните процедури за натамошно функционирање на тој важен меѓународно-правен механизам за заемно ограничување на ракетно-нуклеарните арсенали, се прецизира во соопштенито на Кремљ.

Белата куќа, пак, посочи дека Бајден изразил загриженост поради апсењето на рускиот опозиционер Алексеј Навални.

Договорот истекува на 5 февруари.

Share
Scroll to Top