Прва реакција на НАТО откако руски дрон удри во зграда во Романија

Прва реакција на НАТО откако руски дрон удри во зграда во Романија

пред 1 месец

НАТО се огласи откако руски дрон удри во станбена зграда во центарот на романскиот град Галац.

Портпаролката на Алијансата, Алисон Харт, изјави дека генералниот секретар Марк Руте е во контакт со романските власти и дека НАТО ја осудува „руската неодговорност“.

Во порака објавена на социјалната мрежа X, портпаролката подетално го објасни ставот на Алијансата.

„Утрово, дрон удри во станбена зграда во Романија, во контекст на руските напади врз украинската инфраструктура во близина на границата. Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е во контакт со романските власти. Ја осудуваме руската неодговорност. НАТО ќе продолжи да ја зајакнува својата одбрана од сите закани, вклучително и оние од беспилотни летала“, се вели во соопштението.

 

фото/Depositphotos

Текстот Прва реакција на НАТО откако руски дрон удри во зграда во Романија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top