Премиерот на Бахами освои втор мандат, прв таков случај по речиси 30 години

Премиерот на Бахами освои втор мандат, прв таков случај по речиси 30 години

пред 2 минути

Премиерот на Бахами, Филип Дејвис и неговата владејачка Прогресивно-либерална партија беа реизбрани вчера, со што Дејвис стана првиот лидер избран за втор последователен мандат за речиси 30 години.

„Бахамскиот народ се изјасни и јас ја прифаќам нивната одлука со понизност и благодарност“, изјави Дејвис за Ројтерс.

„Оваа победа е мандат да продолжиме да ги водиме Бахамите напред, да ги прошириме можностите, да ја зајакнеме безбедноста, да го намалиме притисокот врз семејствата и да постигнеме напредок на нашите острови“, додаде тој.

Текстот Премиерот на Бахами освои втор мандат, прв таков случај по речиси 30 години е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top