Премиерот на Либан: Ситуацијата во земјата е критична

Премиерот на Либан: Ситуацијата во земјата е критична

пред 4 часа

Премиерот на Либан, Наваф Салам, оцени дека ситуацијата во Либан е „многу критична“, бидејќи израелската армија продолжува со нападите на југот од земјата, влошувајќи ја кризата со раселувањето.

Салам изјави дека раселените лица, кои моментално бројат повеќе од еден милион, „се главните жртви на војната со која немаат никаква врска“, објави „Ал Џезира“.

Тој, исто така, ја изрази својата поддршка за Либанците кои останаа во јужните села, ветувајќи дека државата ќе направи сè што е потребно за да им ги обезбеди основните потреби, пренесува Танјуг.

Текстот Премиерот на Либан: Ситуацијата во земјата е критична е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top