Принудно слета авионот на полскиот претседател кој тргна на средба со Бајден

пред 3 години

Авионoт на полскиот претседател Анджеј Дуда кој се упатил кон Жешов, каде тој треба да се сретне со американскиот колега Џо Бајден, се вратил во Варшава и принудно слетал, но претседателот не бил во животна опасност, соопшти неговиот кабинет, а пренесува „Ројтерс“.

Најавено е дека состанокот со Бајден малку ќе доцни. Бајден веќе слета во полскиот град кој се наоѓа на околу 70 километри од границата.

$bp(“Brid_48218559”, {“id”:”26456″,”width”:”800″,”height”:”400″,”video”:”980072″,”autoplay”:0,”shared”:true});

Полските медиуми наведуваат дека авионот на претседателот морал да се врати на аеродромот во Варшава веднаш по полетувањето поради технички проблеми, пишува Би-би-си.