Пристигна првата реакција на Москва на резултатите од изборите во САД

Пристигна првата реакција на Москва на резултатите од изборите во САД

пред 2 часа

Надворешнополитичкиот курс на Русија, вклучително и нејзиниот став кон решавањето на украинското прашање, не е условен од актуелните политички околности и не зависи од политичките флуктуации во други земји, изјави заменик-шефот на руското Министерство за надворешни работи.

Сергеј Рјабков ги коментираше резултатите од среднорочните избори во Соединетите Американски Држави.

„Да почекаме на конечните резултати. Ставовите на активистите на Демократската партија кон Русија се исклучително негативни. Нема ништо ново во тоа“, изјави Рјабков за „Спутник“.

На овој начин, тој одговори на прашањето дали резултатите од дополнителните избори би можеле да ги комплицираат односите со САД, вклучително и во контекст на решавањето на украинското прашање.

„Нашиот принципиелен и конзистентен став кон Украина, како и надворешнополитичкиот курс како целина, не се условени од актуелните политички околности и, се разбира, не зависат од политичките флуктуации во други земји. Ќе работиме во согласност со насоките на претседателот на Русија“, заклучи Рјабков.

Според прелиминарните резултати и проекции, на среднорочните избори одржани на 3 ноември во САД победија демократите, кои во јануари ќе го преземат мнозинството и во Претставничкиот дом и во Сенатот на американскиот Конгрес, со што ќе добијат контрола врз двата дома на законодавниот дом.

Текстот Пристигна првата реакција на Москва на резултатите од изборите во САД е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top