Тајландски брод бил погоден од непознат проектил во Ормускиот Теснец, при што тројца членови на екипажот се водат како исчезнати, соопшти тајландското Министерство за транспорт, пренесе Ројтерс.
Од бродот биле спасени 20 членови на екипажот, кои го напуштиле пловилото со спасувачки чамец, а ги презела морнарицата на Оман.
Според министерството, експлозијата на бродот предизвикала пожар во машинската просторија, каде што во моментот на инцидентот се наоѓале тројцата исчезнати морнари.
Фото: Depositphotos
Текстот Проектил погодил тајландски брод во Ормускиот Теснец, тројца исчезнати е превземен од МАКФАКС.






