Путин го разреши Сергеј Иванов од Советот за безбедност на Русија

Путин го разреши Сергеј Иванов од Советот за безбедност на Русија

пред 3 часа

Рускиот претседател Владимир Путин денес го разреши Сергеј Иванов од Советот за безбедност на Русија, беше објавено на официјалниот портал за правни акти.

Путин претходно го разреши Иванов од позицијата специјален претставник на рускиот претседател за заштита на животната средина.

„Составот на Советот за безбедност на Руската Федерација се менува, со исклучувањето на С. Б. Иванов“, се наведува во документот, пренесува РИА Новости.

Текстот Путин го разреши Сергеј Иванов од Советот за безбедност на Русија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top