Путин: Европејците мора да дојдат во Москва ако сакаат да учествуваат во преговорите

Путин: Европејците мора да дојдат во Москва ако сакаат да учествуваат во преговорите

пред 2 часа

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека европските лидери мора да дојдат во Москва ако сакаат да учествуваат во мировните преговори за Украина. Тој изрази сомнеж дека Европејците би можеле да учествуваат во разговорите во кои посредуваат Соединетите Американски Држави.

Путин рече дека сè уште не е утврден датумот за петтиот круг преговори меѓу Украина, Русија и САД. Според него, Американците инсистираат на учество на Европејците.

„Европејците мора да дојдат во Москва за да го утврдат својот став, а потоа ќе одлучиме во кои формати ќе го продолжиме дијалогот со Украина“, рече Путин.

Рускиот претседател ги критикуваше и изјавите на европските лидери за подготовките за можна војна со Русија до крајот на деценијата, нарекувајќи ја нивната реторика агресивна.

Сепак, тој призна дека европските држави мора да учествуваат во разговорите за идниот безбедносен поредок во Европа.

„Мора да преговараме или да разговараме за безбедносните прашања во Европа, а тоа не можете да го правите без Европејците“, рече Путин.

Тој додаде дека идниот договор мора да ја гарантира безбедноста и на Украина и на Русија.

 

Текстот Путин: Европејците мора да дојдат во Москва ако сакаат да учествуваат во преговорите е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top