Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека настаните во Казахстан не се прв ниту последен обид за надворешно мешање во внатрешните работи на државите и дека за време на немирите биле користени „Мајдан технологии“, вклучително и информативна поддршка.
На вонредната седница на Советот за колективна безбедност на ОДКС, одржана во форма на видео конференција, Путин рече дека биле користени „добро организирани групи милитанти“, кои тој ги опиша како „очигледно обучени во терористички кампови во странство“.
„Нивниот напад врз Казахстан во суштина беше акт на агресија и на тоа беше неопходно да се реагира без одлагање“, истакна Путин, пренесува РИА Новости.
Тој додаде дека е јасно оти немирите во Казахстан не се спонтана акција поради повисоките цени на горивото.
„Заканата за државноста на Казахстан не се спонтани протести поради цените на горивото, туку фактот дека деструктивните внатрешни и надворешни сили ја искористија ситуацијата“, рече Путин.
Тој посочи дека настаните во Казахстан не се прв ниту последен обид за надворешно мешање во внатрешните работи на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ), но дека мерките што ги презема таа организација покажуваат дека тоа нема да ја дестабилизира ситуацијата во членката.
Путин додаде дека силите на ОДКБ ќе бидат во Казахстан додека претседателот на таа земја смета дека има потреба од тоа и дека по завршувањето на задачите контингентот ќе биде повлечен од земјата.
Шефот на руската држава посочи дека ОДКС го покажа својот потенцијал и способност за брзо дејствување.