Путин разговараше со Ердоган: САД и НАТО ги игнорираат легитимните барања на Русија

пред 3 години

Рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изразил разочарување поради, како што се наведува, обидите на САД и НАТО да ги игнорираат легитимните безбедносни барања на Русија, соопшти денеска Кремљ.

Во разговорот Путин и Ердоган размениле оценки за ситуацијата во врска со руското признавање на Донецката и Луганската народна република, се наведува во соопштението на Кремљ.

Од друга страна, Ердоган во разговорот со рускиот колега рекол дека Анкара не ги признава потезите насочени против суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и дека е важно да се постигне решение врз основа на договорите од Минск, соопшти кабинетот на турскиот претседател.

Ердоган нагласил дека секоја ескалација, вклучително и вооружената конфронтација во Украина, не е во ничија корист.

„ Претседателот Ердоган истакна дека ескалацијата, особено воениот конфликт, никому нема да донесе ништо. Тој посочи дека Турција повикува на продолжување на дипломатските контакти, како и дека е подготвена да посредува во смирување на тензиите и одржување на мирот – се вели во соопштението од кабинетот на турскиот претседател, кое го пренесе ТАС С.

Исто така, од кабинетот на Ердоган додаваат дека очекуваат Путин наскоро да ја посети Турција, за да учествува на седницата на Високиот совет за соработка.

Share
Scroll to Top