Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва се обидува да стави крај на конфликтот во Украина, додавајќи дека Русија може повторно да ја употреби ракетата Орешник доколку е потребно, но дека нема да брза да го стори тоа.
Тој посочи дека доколку е неопходно руската армија да употреби помоќно оружје со среден дострел, тоа ќе го стори, пренесува РИА.
„Русија одговара реципрочно. Некој користи одредено оружје против нас, а потоа ние го користиме истото“, рече Путин.
Текстот Путин: Русија се обидува да стави крај на конфликтот во Украина е превземен од МАКФАКС.