Работник загина кај еден од најпознатите италијански споменици: паднал од височина од околу десет метри

Работник загина кај еден од најпознатите италијански споменици: паднал од височина од околу десет метри

пред 4 часа

Италијанското Министерство за култура потврди дека вчеравечер во римскиот Колосеум загинал работник. Поради несреќата, дел од споменикот денес е затворен за посетители. Дваесет и двегодишен техничар загинал откако паднал од височина од околу десет метри. Несреќата се случила додека тој поставувал нов систем за осветлување во античкиот амфитеатар, пренесува Ројтерс.

Реакција од властите и управата на паркот
„Ова е трагичен настан што нè шокираше и потресе“, изјави италијанскиот министер за култура Алесандро Џули. Управата на Археолошкиот парк Колосеум соопшти дека, во знак на жалост, ќе затвори дел од второто ниво, каде што се случила несреќата.

Изграден пред 2.000 години, Колосеумот бил најголемиот амфитеатар во Римската Империја и останува една од главните туристички атракции во Рим.

Синдикатот бара целосно затворање
Најголемиот италијански синдикат, CGIL, се спротивстави на одлуката за делумно затворање на локалитетот, тврдејќи дека целиот споменик требало да биде затворен за тој ден. „Очекуваме министерот Џули да ги разјасни околностите на несреќата и да нареди целосно затворање на Колосеумот“, изјави Натале ди Кола, генерален секретар на огранокот на CGIL во Рим.

„Човечкиот живот е пред туристите“, додаде тој.

Текстот Работник загина кај еден од најпознатите италијански споменици: паднал од височина од околу десет метри е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top