Радев oд Берлин: Да не дозволиме легитимација на македонизмот, во ЕУ нема место за идеологии од поранешна Југославија

пред 3 години

Не треба да дозволуваме легитимација на македонизмот. Во ЕУ нема место за идеологии од поранешна Југославија и Коминтерната, изјави бугарскиот претседател, Румен Радев по средбите со германскиот државен врв во Берлин.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Како што пренесе „Дојче Вече“, Радев од Берлин уште еднаш сигнализираше дека нема намера да отстапи од ветото за Северна Македонија во ЕУ. По средбите со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер и канцеларот Олаф Шолц во Берлин, Радев на брифинг со бугарските новинари соопшти дека позицијата на Софија наишла на разбирање од неговите германски соговорници.

„Исклучително сум задоволен од разбирањето на кое наиде аргументираната бугарска позиција во врска со Северна Македонија. Во ситуација кога работиме за заедничката европска позиција и за европските институции не треба да дозволиме нашата национална позиција за Северна Македонија да стане заложник на конфликтот во Украина и оваа тенденција да се засилува”, изјави Радев додавајќи дека Бугарија како одговорен член на ЕУ треба да работи на тоа да интегрира партнери, а не проблеми.

Од германска страна немаше изјави по средбите со Радев, ни од претседателот Штајнмајер, ниту од канцеларот Шолц.

Share
Scroll to Top