Рекорд на Ла Манш: 230 мигранти преминале со еден чамец

Рекорд на Ла Манш: 230 мигранти преминале со еден чамец

пред 4 часа

Рекорден број од 230 мигранти го преминале Ла Манш со еден чамец, што е најголем број луѓе забележан досега во едно пловило. Чамецот пристигнал во Велика Британија во саботата, кога вкупно 258 мигранти го преминале каналот со четири чамци.

Со ова е соборен претходниот рекорд од јули, кога со еден чамец пристигнале 165 луѓе. Од британското Министерство за внатрешни работи предупредија дека криминалните групи користат сè поопасни тактики и во небезбедни пловила ставаат сè поголем број луѓе.

Според привремените податоци, 14.819 луѓе пристигнале во Велика Британија преку Ла Манш годинава, што е 43 отсто помалку во споредба со истиот период минатата година.

Од 1 јануари до 3 август, со мали чамци од Франција пристигнале 14.561 лице. Речиси сите кои пристигнуваат на овој начин бараат азил.

Чамците во последната година превезувале во просек 67 лица, двојно повеќе од 2021 година. Според податоците на ОН, најмалку 84 лица загинале при обиди за преминување на Ла Манш во 2024 година.

Најголем број од пристигнатите во периодот од април 2025 до март 2026 година биле државјани на Еритреја, а меѓу најзастапените земји на потекло се и Авганистан, Иран, Судан и Сомалија.

Текстот Рекорд на Ла Манш: 230 мигранти преминале со еден чамец е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top