Рекорден број луѓе исклучени од Комунистичката партија во Кина

Рекорден број луѓе исклучени од Комунистичката партија во Кина

пред 2 часа

Комунистичката партија на Кина исклучи рекорден број функционери по завршувањето на еден клучен политички состанок; обемот на чистките спроведени од Ши Џинпинг се гледа преку невидениот број празни столчиња во салата, пренесува „Гардијан“. На петтиот пленум оваа недела – годишен собир на високи функционери – беа исклучени 33 члена, што е најголем број досега.

На пленумот учествуваа само 279 од вкупно 376 редовни и заменици-членови на Централниот комитет, именувани во 2022 година. Тоа значи дека отсуствуваше повеќе од една четвртина од членството, при што многумина беа отстранети во текот на чистките. Ова претставува најголем број отсутни членови на еден пленум во модерната кинеска историја.

Потврдено е исклучувањето на Џанг Јусија – кој претходно беше втор највисок функционер во воената хиерархија – и на Ма Сингруи, поранешниот партиски секретар за Ксинџијанг. Причините за отсуството на останатите не се официјално објаснети.

„Големиот број отсуства укажува на тоа дека пленумот бил фокусиран на визијата на Ши за строга внатрепартиска дисциплина“, напиша на платформата „Икс“, Нил Томас, соработник во организацијата Asia Society.

Партиското управување беше главната тема на пленумот. Откако дојде на власт во 2012 година, Ши се фокусираше на искоренување на корупцијата во рамките на партијата. Во последниве години, оваа кампања се интензивираше и прошири до највисоките нивоа на партијата и војската, отворајќи го прашањето дали таа служи како алатка за елиминирање на политичките ривали и за казнување на нелојалноста.

Текстот Рекорден број луѓе исклучени од Комунистичката партија во Кина е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top