Рекорден број на заразени со Ковид-19 во Европа, најкритично во Франција, Италија, Грција

пред 3 години

Полска пријави 794 смртни случаи од коронавирусот, што е највисоко во еден ден за време на четвртиот бран на пандемијата, изјави заменик-министерот за здравство Валдемар Краска.

Полска со денови има постојано голем број новозаразени, поради што властите ги заострија епидемиолошките мерки.

Според последните податоци, во Полска се регистрирани 15.571 нови случаи од коронавирус.

Неколку европски земји пријавија најголем дневен пораст на случаи на Ковид-19 од почетокот на пандемијата, поради ширењето на сојот омикрон.

Франција, Италија, Грција, Португалија и Англија пријавија рекорден број заразени на дневна основа.

Официјалните лица, сепак, велат дека високите бројки може делумно да се должат на доцнењето во известувањето за време на божиќниот период.

Во Италија, бројот на заразени надмина 78.000 случаи, што е нов рекорд од почетокот на пандемијата. Регистрирани се и 202 смртни случаи, со што вкупниот број на починати во земјава се искачи на 136.753 лица.

Грчкиот министер за здравство Танос Плеврис повика на смиреност откако земјата пријави 21.657 случаи, додека здравствените власти во Англија пријавија рекордни 117.093 случаи.

Студиите сугерираат дека омикронот е поблаг од делта-сојот, но сè уште постојат стравувања дека голем број случаи предизвикани од омикрон би можеле да ги блокираат болниците.

Светската здравствена организација предупредува дека ризикот од омикрон се уште е многу висок.

Share
Scroll to Top