Речиси 1.900 камиони со хуманитарна помош пристигнаа во Газа

Речиси 1.900 камиони со хуманитарна помош пристигнаа во Газа

пред 11 месеци

Израелската воена агенција која ја координира хуманитарната помош денеска соопшти дека во текот на изминатата недела, од палестинската страна на премините Керем Шалом и Зиким се собрани и дистрибуирани речиси 1.900 камиони со хуманитарна помош.

Како што се наведува, повеќе од 1.310 камиони што влегоа во Газа во текот на неделата превезуваа главно прехранбени производи, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Агенцијата, која работи во рамките на израелското Министерство за одбрана, наведува дека ќе продолжи да го олеснува доставувањето на хуманитарна помош до цивилното население во Газа, „но не и до Хамас“.

Текстот Речиси 1.900 камиони со хуманитарна помош пристигнаа во Газа е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top