Русија: Вакцината „епиваккорона“ е ефикасна против новите видови коронавирус

пред 4 години

Руската вакцина „епиваккорона“ е ефикасна против британскиот и јужноафриканскиот вид на коронавирус, изјави Александар Семионов, директор на Институтот за вирусни инфекции „Вектор“ во Екатеринбург.

„Оваа вакцина дејствува против сите досега познати видови на коронавирус, вклучувајќи ги британската и јужноафриканската варијанта“, рече Семјонов и додаде дека во случај да се појават нови видови на вирусот, можно е брзо да се модифицира и прилагоди вакцината, пренесува ТАСС.

Во Русија во моментов има три вакцини: „спутник В“ на Државниот институт на „Гамалеја“, „епиваккорона“ од Центарот за заштита на потрошувачите „Роспотребнадзор“ и „ковивак“ на Руската академија на науките „Чумаков“.

Share
Scroll to Top