Русија и Украина разменија нови жестоки удари: Киев под ракетен напад, дронови погодиле цели во Русија

Русија и Украина разменија нови жестоки удари: Киев под ракетен напад, дронови погодиле цели во Русија

пред 12 часа

Најмалку едно лице загина, а 13 се повредени во ноќешниот руски ракетен напад врз Киев и околината, соопштија украинските власти. Според првичните информации, кон главниот град биле лансирани 31 балистичка и осум хиперсонични ракети „Циркон“.

Градоначалникот Виталиј Кличко соопшти дека шестмина повредени се хоспитализирани, а пожарникарите спасиле повеќе лица од оштетени станбени згради. Нападите предизвикале пожари и оштетувања во неколку градски населби, како и во магацини и логистички центар во Киевската област. Привремено била затворена и метро-станицата „Лукјанивска“ поради оштетувања на влезот.

Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека Украина извела напади со дронови врз логистички објекти во Московската и Тамбовската област, за кои тврди дека се користеле за снабдување на руската индустрија за производство на дронови со компоненти опфатени со санкции.

Според руските власти, во текот на ноќта кон Московската област биле лансирани повеќе од 370 украински дронови.

Текстот Русија и Украина разменија нови жестоки удари: Киев под ракетен напад, дронови погодиле цели во Русија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top