Русија одржа воена вежба на спорен остров

Русија одржа воена вежба на спорен остров

пред 3 месеци

Руските ракетни единици одржаа воена вежба на остров во сопственост и на Москва и на Токио, јавува руската новинска агенција Интерфакс.

Советските трупи освоија четири острови северно од јапонскиот Хокаидо на крајот на Втората светска војна. Русите ги нарекуваат Курилски Острови, Јапонците Северни Територии, а двете страни никогаш не потпишаа мировен договор поради тој спор.

Интерфакс пишува дека војниците вежбале движење и камуфлажа на возила на островот Матуа. Москва во мај објави дека ќе воспостави постојани набљудувачки пунктови на островите.

Русија подоцна ја критикуваше зголемената воена соработка меѓу САД и Јапонија, нарекувајќи ја „камен на сопнување“ на патот кон потпишување мировен договор.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно оваа недела рече дека зголеменото усогласување на Токио со колективниот Запад може само да им наштети на билатералните односи меѓу двете земји.

Текстот Русија одржа воена вежба на спорен остров е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top