Русија: Подготвени сме за преговори со Украина – ова се нашите барања

пред 3 години

Москва е подготвена за преговори за предавање на Украина, изјави денеска портпаролот на Путин, Дмитриј Пешков.

Според Пешков, рускиот претседател Владимир Путин е подготвен за преговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски, фокусирајќи се на „гаранциите за неутрален статус“ и „ветувањето дека нема да има оружје на украинска територија“.

Тоа се условите, рече Песков, кои ќе овозможат постигнување на „демилитаризација и денацификација на Украина“ и ќе го елиминираат она што Русија во моментов го смета за „закана за безбедноста на руската држава и народ“.

„Претседателот ја формулираше својата визија за тоа што би очекувале од Украина за да ги решиме горливите проблеми. Тоа е неутрален статус и одбивање да се инсталираат и користат системи за оружје“, рече Пешков.

Кремљ сугерира дека ќе го запре нападот доколку Украина се согласи со барањата на Путин

Пешков додаде дека Путин е тој што ќе одреди кога би можеле да се одржат преговорите и додаде дека Русија ќе влезе во преговорите „само ако раководството на Украина е подготвено да разговара“.

„Сегашната операција има свои цели и тие мора да се постигнат. Претседателот рече дека сите одлуки се донесени и целите мора да се постигнат“, рече Пешков, сугерирајќи дека доколку Киев се согласи со барањата на Путин, сегашната инвазија на Украина ќе биде запрена.

Share
Scroll to Top