Русија реагира на одлуката на САД за снабдување на Украина со напредни ракетни системи и муниција.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Официјална Москва го нарече потегот екстремно негативен и се закани дека тоа ќе го зголеми ризикот од директен конфликт.
„Ројтерс“ пренесува дека рускиот заменик министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, за државната новинска агенција РИА Новости изјавил оти Москва гледа на американската воена помош за Украина исклучително негативно.
„Очигледно, САД, на чело на група држави, се вклучени во намерно пумпање оружје кон режимот во Киев“, рече тој.
Претходно, американскиот претседател Џо Бајден рече дека САД ќе ѝ дадат на Украина понапредни ракетни системи и муниција за „попрецизно да ги гаѓаат клучните цели на бојното поле“.