Русија со обвинување до Естонија „На работ сте на отворена војна“

Русија со обвинување до Естонија „На работ сте на отворена војна“

пред 15 минути

Русија ја обвини Естонија дека е „на работ на провоцирање на отворена војна“, тврдејќи дека „премолчено дозволува користење на нејзиниот воздушен простор од страна на украински беспилотни летала“ за напад врз Русија, како и дека упатува „брзи обвинувања без никакви докази“ против Москва.

„Талин очигледно не ги разгледува сериозно последиците од таков потег. Затворањето на државната граница пред сè би нанело уште еден удар врз естонската економија, а последиците би се вратиле како бумеранг врз самиот Талин, како и врз нејзините сојузници во ЕУ и НАТО“, се наведува во руското соопштение, пренесуваат медиумите во регионот.

Русија ја нарече одлуката на Естонија „најнова антируска провокација“, тврдејќи дека таа „продолжува низа непријателски потези што балтичката држава ги презеде во последните години“.

Покрај тоа, Москва повторно ја обвини Естонија за наводни „репресивни мерки“ против жителите што зборуваат руски јазик, што естонските власти постојано го негираат.

„Шефот на естонската дипломатска мисија беше информиран дека таквата неоправдана политика на поттикнување општо непријателство кон нашата земја ќе продолжи да ја дестабилизира ситуацијата во регионот и негативно да влијае на животниот стандард на жителите на Естонија, како и на веќе тешката економска состојба на таа балтичка држава“, се наведува во соопштението.

На крајот, руското Министерство за надворешни работи соопшти дека „руската страна го задржува правото да преземе сеопфатни политички и дипломатски мерки насочени кон заштита на руските национални интереси и легитимните права на нејзините граѓани“.

Естонската влада одлучи да ја затвори границата на 20 ноември, по низа инциденти што ги поврзува со руските безбедносни служби.

Текстот Русија со обвинување до Естонија „На работ сте на отворена војна“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top