Руската војска стекнала колективен имунитет на Ковид-19, тврдат експертите

пред 3 години

Руската војкса има развиено колективен имунитет на Ковид-19 благодарение на успешната кампања за вакцинација, изјави денеска шефот на Руската воена медицинска академија, Евгениј Крјуков.

„Од денес, Министерството за одбрана ја заврши акцијата за постигнување колективен имунитет. Ова е едно од големите воено-медицински достигнувања“, рече Крјуков, а пренесе агенцијата ТАСС.

Тој додаде дека вакцинацијата на војниците е скоро завршена.

Сè беше на доброволна основа, а Кријуков вели дека процесот на вакцинација бил полесен отколку кај цивилите.

„Војниците се одговорни луѓе, тие се заштитија себеси и своите семејства“, нагласи Крјуков.

Share
Scroll to Top