Русија не подготвува воена инвазија на Украина, изјави рускиот амбасадор во Европската унија Владимир Чижов, откако Москва го вознемири Западот со акумулација на војници на нејзината територија долж границата со Украина, пренесе Ројтерс.
Чижов за германски „Велт“ изјави дека Русија сака да ги поддржи своите луѓе кои живеат во други земји, но и дека Москва никогаш не рекла дека ќе употреби воена сила за овие цели.
– Русија не планира напад врз ниту една земја. Ве уверувам дека руската армија не се подготвува за инвазија на Украина – рече Чижов.
Рускиот претседател Владимир Путин во вторникот изјави дека Русија нема простор да се повлече од САД поради Украина и дека ќе биде принудена да одговори силно доколку Западот не се откаже од својот „агресивен став“.