Руски експерти отстраниле 15.000 мини во Нагорно-Карабах

пред 4 години

Експертите од Меѓународниот центар за отстранување мини при Министерството за одбрана на Русија откриле и неутрализирале повеќе од 15.000 експлозивни направи во Нагорно-Карабах, потврдија од министерството за агенцијата ТАСС.

„Експертите за отстранување мини продолжуваат да работат на територијата на Нагорно-Карабах. Тие веќе прегледаа 123 хектари и открија околу 15.500 експлозивни направи”, објави прес-службата на руското Министерство за одбрана.

Пронајдени се 6.800 артилериски чаури, 3.400 куршуми со различен калибар, над 730 минофрлачки гранати и над 1.100 гранати, како и 100 противтенковски и 196 противпешадиски мини.

Share
Scroll to Top